Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Граѓаните на Скопје трпат заради кавгата на Мицкоски и Арсовска и рацете во медот

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ треба да ги повика сопствените кадри да почнат да работат за решавање на проблемот во Скопје кои самите го создадоа.

Христијан Мицкоски го блокираше Скопје само заради кавгата со неговата градоначалничка, за тендери, бизнис интереси и раце во медот.

Данела Арсовска е нивна градоначалничка, ВМРО-ДПМНЕ ја промовираа како најдобар градоначалник на Скопје, се додека не се испокараа за тендер од 136 милини евра. Мицкоски ја чекаше еуфорично пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ со зурли и тапани.

Претседателот на Советот, мнозинството советници, мнозинството во Советот, мнозинството од членовите на УП на ЈСП се од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните на Скопје трпат заради кавгата на Мицкоски и Арсовска за рацете во медот и цела недела не можат навремено да ги завршат своите обврски затоа што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го блокираат градот.

Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници да си ја сработат работата и блокадите да престанат веднаш.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК