Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен крадец од гостиварско, одземеното вратено на сопственикот

Денеска (07.12.2022) околу 01.50 часот во гостиварско Неготино, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Х.В.(33) од Кавадарци.

Тој се сомничи дека претходно на улица „143“ во Гостивар одзел патничко возило „форд ескорт“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(44) од Гостивар.

Возилото било вратено на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПРОТЕСТ ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА ВО ОХРИД – Се бара одговорност од институциите и заштита за секоја жртва на насилство

ДЕСК

ОКОЛУ 120 ЖЕНИ ГОДИШНО ЗАБОЛУВААТ ОД РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – Лекарите со важен апел за превенција

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 24 СТЕПЕНИ – УХМР најавува невообичаено топло време до петок, од сабота заладување

ДЕСК