Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarЛокално

Подгответе се: Без струја делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН и ЈП „Водовод и канализцаија“, известува дека, поради технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе бидат следните корисници:

– од 9 до 14 ч дел од улицата Лесновска, улицата Презвитер Константин, улицата Јан Хус и улицата Поп Богомил во ооштина Ѓорче Петров,

– од 9 до 10 ч дел од улицата Емил Зола, бр. 6 влез 1 и 2, улицата Виктор Иго бр. 9 и бр. 10 во општина Аеродром,

– од 12 до 15.30 ч дел од улицата Ѓорги Скрижевски во општина Аеродром,

– од 8 до 14 ч во местото наречено Пирков Рид, продажен салон „Платин“, хотел „Бон бон“, стовариште „ЕЕ компани“, индустриски објект „Брзи спед транспорт“ и објектите околу него во општина Ѓорче Петров,

– од 12 до 14 ч с. Црешево, с. Смилковци, Љуботенски Пат и гасоводот „Бутел“.