9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведени две лица кои биле осомничени за „перење пари“

Денеска (07.12.2022) од страна на полициски службеници од СВР Штип лишени се од слобода две лица од Делчево, соопшти полицијата.

Приведувањето е врз основа на претходно поднесена кривична пријава против нив, поради сомнение за сторено кривично дело „перење пари“ казниво по чл.273 од Кривичниот законик, од страна на СВР Штип, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција Скопје, а по претходно добиена наредба од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје. Притоа, со извршеното кривично дело причинета е материјална штета на Буџетот на РСМ во износ од 25.502.282 денари.

Двете лица. во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, соопшти МВР.

Спонзорирано: