По тешката борба со ракот почина актерката Кирсти Ели. Таа беше најпозната по улогата Ребека во комичната серија Cheers, која ѝ донесе и престижни телевизиски награди како Еми и Златен глобус.
Исто така, нејзините обожаватели ќе ја паметат по улогите во филмовите Look Who’s Talking, Star Trek II: The Wrath of Khan, It Takes Two и многу други.
Таа почина на 71-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.
„Со тага ве известуваме дека нашата неверојатна и сакана мајка почина по битката со ракот, кој неодамна беше откриен. Таа беше опкружена со нејзиното најблиско семејство и се бореше со неверојатна сила, оставајќи нè сигурни во нејзината бескрајна радост за животот и за сите авантури кои претстојат. Колку и да беше легендарна на екранот, таа беше уште поневеројатна мајка и баба. Ние сме благодарни на неверојатниот тим лекари и медицински сестри во Центарот за рак во Мофит за нивната грижа. Нејзината страст за животот, за нејзините деца и внуци и за нејзините многубројни животни, а да не ја спомнуваме нејзината вечна радост за создавањето нови дела, нè инспирираат да го живееме животот по потполност, исто како што живееше и таа“, напишале нејзините деца.