Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Извештај за состојбите и условите во казнено – поправните установи и воспитната установа 2022 година

Во продолжение ви го испраќаме извештајот подготвен во рамките на проектот „Борба против тортура и нехуман третман“, финансиски поддржан од Европската Унија. За целите на проектот е склучен Меморандум за соработка помеѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права, Македонското здружение на млади правници и Управата за извршување на санкции.

Наодите во извештајот се базираат на спроведени посети од страна на мониторинг тимот кои за време на посетите изврши увид во просториите на казненопоправните установи и воспитно-поправната установа, обезбеди бесплатна правна помош и психијатриско советување на осуденички и осуденици, спроведе разговор со речиси сите директори на установите како и со вработените од редот на припадниците на затворската полиција, социјалните работници, психолозите, правниците итн. Она што беше забележано се подобрени материјални услови во дел од казнено поправните установи како и вложување на напори за едукација на вработениот кадар, но и конечното ставање во функција на Тренинг центарот во Идризово.
Покрај позитивните промени, системските недостатоци сè уште постојат. Мултисекторската соработка помеѓу надлежните институции е на ниско ниво, а како најгорливи проблеми остануваат пристапот до здравствена заштита, образованието, корупцијата, супстандардните услови за живеење во некои од казнено поправните установи како и немањето на соодветни услови за имплементирање на програмите за ресоцијализација, но и за слободни и вокациски активности на осудените лица.

Извештаите може да ги најдете и на страницата на Хелсиншки комитет: https://mhc.org.mk/reports/izveshtaj-za-sostojbite-i-uslovite-vo-kazneno-popravnite-ustanovi-i-vospitnata-ustanova-2022-godina/

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК