3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Серија инциденти во Неготино: Едно лице избодено, друго завршило со демолиран автомобил, двајца натепани

Полицијата ајви за три инциденти што се случиле вчера на територијата на Неготино.

Вториот инцидент се случил доцна вечерта во петокот кон саботата, повторно со млади луѓе. Приведен е С.К.(24) од Неготино кој околу 3 часот во угостителски објект во градот најпрво му се заканил на А.М.(22), а во 03.30 часот на крстосница од ул.„Киро Крстев“ со ул.„Фемо Кулаков“ го оштетил неговото возило. Третиот инцидент се случувал во истото време пред угостителски објект. Во овој случај, М.К.(37) пријавил дека пред угостителски објект во Неготино, тој и В.П. биле физички нападнати од едно лице, соопшти МВР.

Според информациите од МВР, доцна синоќа приведен е Ј.К.(22) од градот, затоа што пред спортска обложувалница на улицата Ацо Аџи Илов, по кратка расправија, со остар предмет му нанел повреди на М.Ч.(24) од Неготино.

„Остриот предмет бил пронајден, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Спонзорирано: