26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Фондациите Отворено општество го менуваат начинот на работа во земјата како дел од пошироката трансформација на глобално ниво

По 30-годишно постоење и работа во Северна Македонија, Фондациите Отворено општество го менуваат начинот на работа во земјата како дел од пошироката трансформација на глобално ниво.

Почнувајќи од 2021 година, Фондациите Отворено општество се во процес на сеопфатна трансформација со цел поголем регионален фокус и зајакнување на своето влијание. Оваа глобална трансформација опфаќа повеќе од 20 национални фондации во светот.

Фондациите Отворено општество остануваат силно посветени на Северна Македонија и Западен Балкан. Од 1992 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија има доделено над 130 милиони долари за поддршка на социјалната и економската стабилност и демократскиот развој на Северна Македонија. Кога националната фондација започна да работи, Грција и Србија ги имаа блокирано границите на Македонија, а прашање беше и тоа дали земјата ќе ја зачува својата независност. Фондацијата тогаш одговори на овие предизвици со обезбедување витална поддршка, вклучително набавка на основни лекови, масло за греење на училиштата и извозна помош за земјоделците. Оттогаш, фондацијата помага во подготовките Северна Македонија да стане полноправна членка на Европската Унија, за развојот на силно граѓанско општество, унапредување на владеењето на правото и доброто управување, зајакнување на Ромите и на другите маргинализирани заедници, како и на поддршка на реформите во здравството и образованието.

Повеќе информации во врска со работата на Фондациите Отворено општество во земјата можете да погледнете на следните линкови: OSF in North Macedonia Fact Sheet, 30 Years Open Society & Its Friends и 25 години посветеност.