Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Мицкоски тврди дека знае кои се криминалците во Арачиново, но не ги објавува со име и презиме – ЗОШТО!?

Точно знаеме кои се криминалците од Арачиниво кои пред неколку дена нападнаа и избркаа полицајци кои си ги извршуваа работните активности и ќе оставиме на институциите да си ја завршат својата работа, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски , запрашан за коментар по вчерашната констатација на Министерството за внартешни работи, дека полицајците не биле нападнати туку дека тие не си ја извршиле работната задача, по што против нив ќе бидат покренати дисциплински постапки.

Мицкоски посочи дека уште од првиот ден после промената на власта и преземањето на раководењето на институциите, вклучително и на МВР, од страна на ВМРО-ДПМНЕ, овие лица и нарко банди кои сите ги знааат, ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат.

„Ќе оставиме институциите да си ја завршат својата работа, а првиот ден кога ние ќе ги превземеме институциите ќе видите точно за кои луѓе станува збор и тие луѓе ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Еве, јас ви ветувам, држетеме за збор. Точно знаеме кој се луѓето, кои возила ги возат, како изгледаат, со што се занимаваат, каде се движат и што прават. Првиот ден кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги превземе институциите и ќе го превземе Министерството за внатрешни работи, еве ви ветувам дека тие луѓе, лично, пред вас ќе бидат изведени и пред лицето на правдата“.

Мицкоски не ги именуваше лицата за кои знае дека се криминалци.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Терор од брзите кредити со амин од власта – изнудувачи доаѓаат дома и ги заплашуваат семејствата

ДЕСК

Митева: Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство со цел правна помош и советување

ДЕСК

Перински: Здравствениот систем е првиот контакт на жртвите на насилство, затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол и правилник за помош

ДЕСК