Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Зечевиќ од Македонски Брод: Социјалдемократска вредност е зачувување на националниот и етнички идентитет

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, денеска ги продолжува интензивните теренски активности во повеќе општини и населени места.

-Социјалдемократска вредност е заштитата на националниот и на етничкиот идентитет, кои се само едни од низата идентитети што ги има секој поединец во едно општество, порача Зечевиќ на работен состанок со партиските членови и симпатизери на СДСМ во Македонски брод.

Генералниот секретар додаде дека во оваа насока е поставена и политиката на државотворната партијата СДСМ за европска интеграција, врз основа на највисоките национални и државни интереси.

-Во оваа смисла го гледам и европскиот стремеж на македонскиот граѓанин кој се бори за прифаќање и интеграција на македонскиот во комплексниот европскиот идентитет. Тоа е наша социјалдемократска вредност и политика, да обезбедиме суштинска интеграција во Унијата за подобар живот со почитувањето на сите обележја што го прават Македонецот тоа шти бил низ историјата, тоа што е сега и тоа што ќе биде во иднина, рече Зечевиќ.

Можеби ќе ве интересира

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +

Муцунски: Поставуваме основа за подлабока економска и трговска соработка со Полска

C +