23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАЛОКАЛНО

Скопје е заглавено поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, рече Јанчева

Изјава за медиуми, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје:

Цела недела Град Скопје е во тотален колапс поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри во градската власт.

Цела недела приватните автобуски превозници не возат и блокираат важни сообраќајници поради тоа што Град Скопје и градоначалничката Арсовска не им ги исплаќаат долговите.

Јавниот превоз крахира, ЈСП нема доволно капацитети да ги опслужува сите линии комплетно, па скопјани со часови чекаат автобус на постојките и се возат во преполни автобуси,

Во исто време, ЈСП кое тоне во долгови, случува договор за набавка на дизел гориво по цена од 118 денари за литар дизел, во период кога ова гориво чини 86,5 денари за литар.

Катастрофална е ситуацијата и во други градски јавни претпријатија како „Дрисла“ и „Водовод и канализација“.

Но, градската власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска ги игнорираат сите овие проблеми и продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за криминал.

Во меѓувреме, градот стагнира, нема ниту еден нов проект, ниту пак се продолжуваат проектите наследени од претходната градска власт предводена од СДСМ.

Една година градска власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација на градот, една година разочарувања за граѓаните.

Спонзорирано: