Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Нанела штета од 175.485 евра – Кривична пријава за несовесно работење во службата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ.(57) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по чл.353-в од Кривичниот законик. Осомничената, вработена во Општина Делчево, постапила спротивно на Законот за градење, одолговлекувајќи ја постапката по две електронски барања за издавање на Одобрение за градење на фотонапонска централа од страна на инвеститор од Делчево. Имено, таа по одговорот на забелешките од барателот, изготвила Решение со кое барањето било одбиено, а истото решение по жалба на барателот било поништено од второстепениот орган.

Во повторената постапка, осомничената изготвила Одобрение за градење врз основа на истите прилози и идентична фактичка состојба, кое станало правосилно на 25.08.2022. Со ваквото постапување Љ.Ѓ. нанела штета на инвеститорот во висина 175.485 евра.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ е загрижена за СДСМ: Некогаш големата и државотворна партија СДС, поради лошите, предавнички и поданички политики се сведе на eдвај 130 илјади гласа

ДЕСК

Вечерва почнува летното сметање на времето

ДЕСК

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

ДЕСК