Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода разбојник во Кочани, одземеното вратено на сопственикот

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани денеска (01.12.2022) го лишија од слобода И.П. (33) од Кочани поради основи на сомнение дека во текот на денешниот ден извршил разбојничка кражба во објект на територија на Кочани. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од полициски службеници и И.П. е лишен од слобода.

Во консултации со јавен обвинител кривичното дело е квалификувано како “разбојничка кражба” по член 238 од КЗ. Сторителот го признал и појаснил кривичното дело, обезбедени се предметите од кривичното дело и се вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +