Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Ковачевски: Владата на СДСМ вложи над 120 милиони евра во Куманово и околината

Куманово знае да направи разлика, знае дека СДСМ се грижи и работи за граѓаните од овој крај.

Цели 11 години Куманово беше заборавено од ВМРО-ДПМНЕ, ништо не направија за најголемата општина во државата, ама затоа Владата на СДСМ вложува во сите општини а само во Куманово има вложено над 120 милиони евра, порача претседателот Димитар Ковачевски на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.

„Обновивме над 85 километри локални и регионални патишта само во изминатите неколку години а интензивно се градат и нови. Патот Куманово – Свети Николе, Куманово – Никуштак, Куманово-Белановце. Понатаму патот Куманово – Крива Паланка, регионалниот пат од село Војник до Страцин и Страцин – Крива Паланка – граничен премин Деве Баир. Се обновено. Тоа се главните патни инфраструктурни артерии коишто ќе креираат можност за развој на целиот овој регион, и многу други кои не беа чепнати повеќе од 50 години. Го обновивме и го оживевме Коридорот 8, а железничката пруга кон Бугарија после децении станува реалност“ посочи Ковачевски.

Покрај во патната инфраструктура, Ковачевски посочи дека се инвестира и во важни објекти во Куманово и околните населени места.

-Направивме три училишни спортски сали, ги заменивме водомерите во Куманово, го градиме рекреативниот центар Студена вода, нови детски градинки, училишта, „Соколона“, Младински културен центар, спортска сала, котлана во Болницата. Владата оваа година донесе одлука за финансиска поддршка за нов објект за средното училиште Сами Фрашери и Наце Буѓони. На вчерашната владина седница донесовме одлука за реконструкција на објектите на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Петков Мисирков“. И нема да застанеме, ќе продолжиме да инвестираме, порача Ковачевски во Куманово.