Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Очекувам намалување на цените на основните производи за 10%

Цената на лебот веќе се намали, цените на маслото за јадење на некои производители исто така се намалија како резултат на последната мерка, а во наредиот период очекувам стабилизирање и намалување на цените на основните прехрамбени производи до 10%, порача премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од преполната сала во Куманово.

„Антикризните мерки даваат резултат, но имаме уште работа. Децата мора да одат в училиште, мора да имаат греење, мора да има електрична енергија за да функционираат градинките, училиштата. Мора да функционираат и болниците, здравствените работници да имаат услови за работа и да се грижат за здравјето на пациентите. Затоа во регулираниот пазар на струја овозможивме да се вклучат јавни здравствени установи, како и 365 основни и 109 средни училишта, вкупно 518 субјекти.

Тој потсети дека покрај субценионирањето на цената на струјата, обебзедена и дополнителна финансиска помош за електрична енергија за семејствата со ниски примања.

„Продолжува и програмата за енергетска сиромаштија со која парично и директно помагаме 4.000 семејства и им обезбедуваме намалени сметки за потрошената електрична енергија. Со оваа мерка, секое семејство е помогнато со скоро 200 евра во текот на годината, додаде Ковачевски во Куманово на трибината „Силно и одлучно кон иднината“

Можеби ќе ве интересира

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК

Драма на „Туристичка“: 17-годишен велосипедист удрил во автомобил – итно пренесен во болница

ДЕСК