Centar.mk
БИЗНИСТЕМАТОП ВЕСТИ

Убава вест: Следува предвремена исплата на зголемените ноемвриски пензии, а од декември почнува исплатата на помошта и дополнителни до 1.500 денари за пензионирите

Од денеска почнува исплатата на пензиите за ноември.

Предвремената исплата ја најавија банките и ќе се одвива во следниот редослед:

До 11.000 денари 29.11 (вторник); 11.001-14.000 денари 30.11 (среда); 14.001-18.000 денари 01.12 (четврток); Над 18.001 денари 02.12 (петок).

Да потсетиме дека пензиите се зголемени од септември 2022.

Ќе се исплаќа и финансиска помош до 1.500 денари месечно како дел од владините мерки во следните 4 месеци и тоа на следниов начин:

За корисниците на право на пензија во висина до 14.000 денари е предвидено:

– финансиската поддршка од 1.500 денари, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина, не поголема од 11.525 денари месечно;

– финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина од 11.526 денари и не поголема од 14.000 денари месечно.

Финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат и корисниците на право на надоместок за телесно оштетување.

Исплатите ќе се однесуваат за пензиите или поддршката за ноември, декември 2022, јануари и февруари 2023.

Следува ново зголемување на пензиите
Oд следната година е најавено зголемување на пензиите за околу 7%, но и на минималната плата, која се очекува да достигне 20.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

Дали знаете како е да живеете во страв за парчето леб? 10.000 работници од игрите на среќа порачаа дека нема да бидат жртви на политички игри

ДЕСК

Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје меѓу финалистите на Европскиот квиз за пари 2026

ДЕСК

Во март 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесуваше 72 818 денари

ДЕСК