3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИС

Што треба да направите за да бидете корисник на земјоделски субвенции

Земјоделското производство последниве години станува се поактуелно и атрактивно за инвестирање или започнување на семеен бизнис. Случувањата со пандемијата и војната во Украина уште повеќе ја потенцираa важноста на оваа стопанска гранка, бидејќи се работи за храната на граѓаните.

За нашата држава земјоделското производство е стратешка стопанска гранка која има директна поддршка со субвенции од буџетот. Нашите земјоделци годишно на располагање имаат близу 200 милиони евра преку програмите за директна поддршка и Рурален Развој.

Тука секако треба да се земат во предвид и планираните 200 милиони евра кои преку ИПАРД 3 се очекуваат да бидат инвестирани во македонскиот агросектор.

Доколку почнувате да се занимавате со земјоделско производство, за да може да станете корисник на финансиска поддршка за субвенции и мерките од рурален развој, прво што треба да направите е да се запишете во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС).

Тоа значи дека треба да отидете во подрачната единица на министерството за земјоделство, во местото на живеење евидентирано во личната карта, за да се запишете во ЕРЗС.

Барање за упис може да се поднесе секој работен во текот на годината. Образецот – барање како и листата на потребни документи се подигаат во подрачната единица на министерството каде и ќе ви помогнат околу целата постапка.

На овој начин, вие влегувате во систем како земјоделско стопанство и исполнувате еден од условите да станете корисник на субвенции и мерките од програмата за рурален развој.

Останува да ги следите и запазите роковите за пријавување за финансиска поддршка кои редовно ги соопштува Платежната агенција, а информации можете да добиете и во подрачните канцеларии на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На Агротим ги имате сите информации поврзани со пријавувањето на субвенциите и аплицирањето за мерки од Програмата за Рурален развој и ИПАРД.