14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

GIVING TUESDAY – ДАРЕЖЛИВ ВТОРНИК ЗА ПРВ ПАТ СЕ ОДБЕЛЕЖУВА И ВО НАШАТА ЗЕМЈА!

Во организација на Центар за социјални иницијативи Надеж и Хуманитарни акци.мк денес за прв пат го прославуваме Giving Tuesday – Дарежлив Вторник и во нашата земја, како дел од глобалното движење.

GivingTuesday – Дарежлив Вторник е создаден во 2012 година како едноставна идеја: ден кој ги поттикнува луѓето да прават добро. Оттогаш, тоа прерасна во глобално движење во кое се вклучени повеќе од 85 земји од целиот свет и кое инспирира стотици милиони луѓе на овој ден да даруваат, да соработуваат и да го слават добродетелството.

На овој ден би сакале да сплотиме што поголем број организации, активисти и граѓани од нашата земја кои ќе се вклучат со промовирање на своите мисии и активности, ќе донираат, волонтираат, ќе споделуваат добрина и љубезност.

Централниот настан ќе се одржува денес 29 Ноември,2022 од 13.00-17.00ч. во Паркот на франкофонијата (до Градскиот стадион во Скопје). Сите заинтересирани граѓани можат да ни се придружат, да ширме добрина и да го прославиме Giving Tuesday – Дарежлив Вторник заедно!

Спонзорирано: