Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Георгиевска: Непродуктивните трошења од Буџетот пренаменети за антикризни мерки

„Во Буџетот за 2023 година се намалени непродуктивните трошења, тоа е сериозна сума на пари која е намалена. Тие средства ќе се пренаменат за антикризни мерки и за корекција на сите оние планови во Буџетот за растот на платите и пензиите“ рече пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека со овој Буџет ќе продолжи политиката на Владата со која се ублажуваат последиците од економската и енергетската криза и претставува основа за економско заздравување со тенденција за економски раст.

„Буџетите во многу земји во Европа претрпеа структурни промени. Огромни средства од буџетите се наменуваат за справување со кризите, се насочуваат за таргетирани мерки за поддршка на граѓаните“ рече Георгиевска.

Пратеничката од СДСМ кажа дека има поднесено повеќе од 260 амандмани за Буџетот за 2023 година, од кои околу 200 се опозицијата и најави дека во следните седум дена ќе се разговара низ конструктивна дебата околу прифаќањето или отфрлувањето на овие амандмани.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК