Centar.mk
БИЗНИС

(ВИДЕО) Марјан Ангелов: Почнавме од нула, на овој рид извадивме вода и втора година успешно произведуваме органска пиперка

Марјан и Фросина Ангелови од Лозово, втора година се дел од проектот „Договорно производство на органска пиперка“ во организација на Агротим.

Нивното искуство, минатата година, од потпишување на договор, до предавање на пиперката е најдобриот доказ за успешноста на проектот и мотивација за сите други земјоделци.

Марјан вели, прв пат оваа година произведува пиперки, на површина за која никој не верувал дека ќе успее, без услови за наводнување и познавање за органско производство.

Но решен да успее, најнапред инвестирал во бунар, бидејќи без вода не може да се очекува производство, а во тоа му помогнала компанијата „Тргопродукт“ со која склучи договор за откуп на пиперката, преку авансирање на производството, во обезбедување на систем за наводнување и ѓубриво. Што се однесува до агротехничките мерки, од набавка на семе до прихрана и заштита, во соработка со советничката за органско производство Ангела Ѓеровска успеале да произведат 3-4 тони од декар.

За неговото искуство, проблемите, очекувањата, вложувањето и заработката погледнете во видеото.

Повеќе на Агротим

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +