Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 177 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, 14 мерки возење без возачка дозвола, 21 санкција за возење под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за нерегистрирани возила…
На 27.11.2022 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 75 прекршоци, од кои 42 надвор од населено место и 33 во населено место, од нив 22 на подрачјето на Свети Николе, 20 Штип, 11 Берово, 7 Пробиштип, 7 Кочани, 5 Делчево и 3 Виница. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 20 други видови на прекршоци, од кои 10 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 7 за некористење сигурносен појас и 1 за непрописно паркирање.
На 27.11.2022 година во перидоот од 11.00 до 17.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 74 прекршувања на брзината, од кои 28 на подрачје на Струмица, 26 на подрачје на Радовиш и по 10 на подрачјата на Гевгелија и Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.