13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Ова дебелее како лудо: Пијалак по кој често посегнуваме, но не треба

Напитокот за кој повеќето луѓе мислат дека е здрав всушност содржи 36 грама шеќер по чаша, што е приближно исто како три големи крофни.

Тој е природен и богат со витамин Ц, па што може да тргне наопаку со сокот од портокал? Всушност, овој сок кој често го пиеме е полн со шеќер, што во никој случај не е добар за оние кои се грижат за килограмите, пишуваат на веб-страницата ит дис.

Едно шише сок од околу 340 мл има 33 грама шеќер, што е приближно исто количество како во три крофни. И затоа, ако се воздржувате од премногу слатки крофни со шеќерна глазура, размислете дали истото треба да го правите и со сок.

Во исто време, шеќерот во овој сок е претежно фруктоза, едноставен шеќер кој се наоѓа во овошјето кој лесно се апсорбира од телото и е поврзан со салото на стомакот.

Имено, студиите го поврзуваат големото консумирање на фруктоза со опасните масти околу стомакот, но и со отпорноста на инсулин. Една неодамнешна студија исто така предупредува на опасноста од консумирање премногу фруктоза бидејќи тоа може да доведе до метаболички синдром.

Сепак, тоа не значи дека не треба да јадете овошје бидејќи содржи фруктоза. Богат е со антиоксиданси кои се борат против опасните слободни радикали, има многу влакна, витамини и минерали. Многу овошје во исхраната, и покрај фруктозата, гарантира потенка линија и помал ризик од дебелеење.

Експертите веруваат дека клучната врска помеѓу овошјето и слабеењето се влакната. Кога јадете целосно свежо овошје, за разлика од сокот од портокал, на пример, добивате многу влакна. Тие влакна ќе ве наполнат и во исто време ќе го забават варењето на овошниот шеќер во вашето тело, што го спречува зголемувањето на шеќерот во крвта.

Од друга страна, шеќерите од сокот немаат влакна, па брзо се метаболизираат, не ве заситуваат, а сето тоа доведува до дебелеење.

Спонзорирано: