Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Отец Пимен: Драги мили мои, Да влеземе и во овој пост со благослов од Бога, најнапред измирени со самите себе, со ближните и со Бога

Фејсбук статус на Отец Пимен:

Драги ем мили мои,
Да влеземе и во овој пост со благослов од Бога, најнапред измирени со самите себе, со ближните и со Бога.

Да ги љубиме и непријателите и да бидеме во мир и со нив. Секако, доколку тоа зависи од нас. Наше е да ја подадеме раката, а нивно е дали ќе ја прифатат подадената рака за мир или ќе останат во својата увереност дека го поседуваат монополот на правдата и вистината.
Секој со својата слобода на размислување, да го дочекаме во радост Раѓањето на Богомладенецот.

Но, да не заборавиме дека последниот суд е Негов и да не зајдеме во себеоправдувањето и со тоа осудување на братот свој. Негов е судот, а наша ќе биде радоста ако дадеме добар одговор на Страшниот Негов Суд и ако наследиме живот вечен во Царството Небесно.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +