Соопштение до јавноста за намалување на висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2023 година
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност дека е добиена согласност од страна на Собранието на Република Северна Македонија за намалување на висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата од пензиските друштва за 2023 година на 0,7% од уплатените придонеси во секој пензиски фонд со кој управуваат друштвата.
Согласно член 56 став (3) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување е пропишано дека Агенцијата наплатува ме-се¬чен на¬до¬мест на то¬вар на пензиските друш¬тва¬ најмногу до 0,8% од секој уплатен придонес во прет¬ход¬ни¬от ме¬сец во пен¬зи¬ски¬те фон¬до¬ви со кои управу¬ва-ат.
Пресметките на Агенцијата покажаа дека месечниот надомест за 2023 година, треба да изнесува 0,7% од уплатените придонеси во секој пензиски фонд со кој управуваат друштвата.
За очекуваниот прилив на придонеси беа користени проценки за прилив на придонеси во задолжителните и во доброволните пензиски фондови во 2023 година.
Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за развој на пензискиот систем, како и повеќе можности во интерес на членовите на пензиските фондови.