Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: На Скопје му се случува катастрофа поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Велес, оцени дека на Град Скопје му се случува катастрофа а причината за тоа е единствено неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.

„Главниот град е нефункционален, на раб на колапс. Наместо нов градски превоз, нема превоз, наместо нови еколошки автобуси и тие што ги има не возат. Ваква катастрофа на главниот град му се случува само поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните раце во медот“, посочи Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека доцна е ВМРО-ДПМНЕ да се извини и посочи дека проблемите што оваа партија ги прави во Скопје, како и обично, ќе треба да ги решава СДСМ.

„Го слушам Мицкоски вели немал намера да им се извини на граѓаните за хаосот во Скопје. Касно ти е Мицкоски веќе за извинување увидоа граѓаните, ја гледаат и вашата неспособност и катастрофата што ја создадовте. Проблемите кои ВМРО-ДПМНЕ ги остава ние од СДСМ ќе треба да ги решаваме и ќе ги решаваме, и тоа заради граѓаните, не заради политика“ порача Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Малолетник нападнат среде бел ден во Ѓорче Петров

ДЕСК

Почината жена донесена во градска

ДЕСК

Метеоролозите со нови најави за времето – Метеоцентар со детална 4 дневна прогноза

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.