Centar.mk
фото илустрација
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ужас кај Маџари, ТИК ТОК видео ќе ја чинеше живот: МЛАДОТО ДЕВОЈЧЕ ВО МОМЕНТОВ Е НА КАРИЛ – се качила на вагон за да се снима, завршила со струен удар

Тешка несреќа се случила на железничката станица кај Маџари, девојка на возраст од 17 години со изгореници на телото била донесена во скопскиот ургентен центар.

Нешто пред 14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка Станица-Маџари, над еден од вагоните, дошло до струен удар, при што со повреди се здобила 17 годишна малолетничка.

Медиумите известуваат дека девојката добила струен удар од жиците кои се поставени над вагон од воз.

Девојчето било качена на еден од вагоните на железничката станица Маџари каде дошло до струен удар при што се здобила со повреди и изгореници.

На лице место излегле полициски службеници и итните служби. Малолетничката е пренесена во УЦ Скопје за укажување лекарска помош.

Медиумите пишуваат дека девојката се качила на вагон за да снима ТИК ТОК видео.

Истрагата се уште е во тек.

Повеќе информации од полицијата се очекуваат за утре.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК