Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски: Со СДСМ, граѓаните и државата се на сигурно – најбезбедна земја сме на Западен Балкан, во регионот најдобро се справуваме со миграцијата, имаме напредок во борбата против секаков вид криминал, сите показатели велат на добар пат сме и така ќе продолжиме

Фејсбук статус на потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски:

Со СДСМ, граѓаните и државата се на сигурно – најбезбедна земја сме на Западен Балкан, во регионот најдобро се справуваме со миграцијата, имаме напредок во борбата против секаков вид криминал, сите показатели велат на добар пат сме и така ќе продолжиме – Силно и одлучно со граѓаните на Штип ги потврдивме овие досегашни резултати, обединети кон нови победи.

И тука можам да кажам дека ветив подобрување на условите за работа на штипската полиција и поквалитетни услуги за штипјани, и тука од 2021 – тоа е реалност со реновираната Полициска станица за безбедност во сообраќајот Штип.

Покажавме со успешното надминување на Ковид кризата во периодот кога ја предводев Владата, и сега со оваа економско-енергетска криза, дека СДСМ знае и умее да води напред во клучни моменти. Го поддржавме стандардот на граѓаните, компаниите, ранливите граѓани… НАТО членка, отворени преговори со ЕУ. Со задоволство го потпишав првиот Договор на македонски јазик помеѓу 🇲🇰 и 🇪🇺 со Фронтекс. Достоинствено ќе бидеме дел од европското семејство, како Македонци. Македонската иднина е европска!
Силно и одлучно кон иднината!

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК