22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАSHOWBIZ

Пензионер ја прескокна оградата поради Лепа Брена: Обезбедувањето сакаше да го отстрани, но таa не дозволи

Пејачката настапи две вечери по ред на традиционалната манифестација „Месап есен 2022“.

За обожавателите на Вараждин и Меѓумурје, таа отпеа избор на хитови од нејзината долгогодишна кариера. Салата беше преполна, на сите им се допадна енергијата и изгледот на Брена, но за жал, поради проблеми со звукот, посетителите не можеа добро да ја слушнат. Пејачката се обидела да ја реши работата, но не успеала.

Брена како и обично околу себе собра различни генерации. Младите на возраст од 20 години, нивните родители и баби и дедовци не сакаа да го пропуштат концертот на најголемата југословенска пејачка ѕвезда.

Според медиумите, итна помош била потребна за шест пензионери, кои изгубиле свест. Но, еден пензионер бил толку силен што без проблем ја прескокнал оградата и се качил на бината. Обезбедувањето сакаше да го отстрани, Брена не дозволи. Еден обожавател остана на сцената и со љубов ја гледаше додека пее. По Неделишче, фолк ѕвездата на 3 декември ќе настапи во Бјеловар и ја продолжува зимската турнеја.