15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски има одржлив економски план, 2023 е година на економски пресврт, велат од СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Претседателот Димитар Ковачевски, има план за иднината, за нова економска пресвртница, план кој е одговор на сите предизвици и кој обезбедува сигурна иднина, за секој еден да живее подобро, да бидеме побогати, понапредни како држава.

Со анткризни мерки вредни 760 милиони евра, во овие 10 месеци, може да се каже дека македонската економија е спасена.

Го поддржавме стандардот на граѓаните, компаниите, ранливите граѓани кога беше најпотребно и цврсто ја држевме линијата против глобалната криза.

Го поддржавме стандардот на граѓаните и ги помогнавме компаниите. Цената на струјата ја субвенционираме за 600.000 домаќинства и за 72.000 компании Никој нема да биде оставен сам.

Двојно поевтина цена на струјата обезбедивме за 233 основни и средни училишта, за 50 јавни претпријатија, за 235 домашни компании кои произведуваат основни прехранбени продукти или вкупно за 518 субјекти.

Грижата за граѓаните и поддршката а компаниите продолжува и во следната година, а во таа насока е и Буџетот за 2023 година каде се предвидени пари за нов раст на минималната плата и пензиите, како и 800 милиони евра за капитални инвестиции

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК