9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Храната треба да се џвака 20 пати: Не јадете „од нога“ и ќе се ослободите од надуеноста

Многу експерти истакнуваат дека недоволното и брзо џвакање на храната може да предизвика проблеми со надуеност, гасови и варење, како и ментално здравје.

Ако често јадете „од нозе“ и брзо ризикувате да го нарушите дигестивниот систем. Меѓутоа, дополнително, многу истражувања покажаа дека надуеноста и варењето последователно може да предизвикаат ментални проблеми, а има објаснување за тоа.

Имено, микробите во нашите црева можат да влијаат на нашиот имунитет, здравје, расположение и општата благосостојба на организмот.

Затоа, храната треба да се џвака околу 20 пати, со цел на вашиот дигестивен тракт да му се даде доволно време да ги апсорбира хранливите материи.

Нутриционистката Мелани Диксон изјавила за магазинот “Сан” дека би било добро во исхраната да се вклучи куркума, која има антивоспалителни својства кои можат да ги „смират“ цревата и да ја ублажат надуеноста.

Краставиците се одлична ужина бидејќи содржат кверцетин, флавоноиден антиоксиданс кој може да ја намали надуеноста и гасовите.

Спонзорирано: