23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Ковачевски: Потпишани 277 договори за подршка на компании кои ќе креираат над 3.700 работни места

„Оваа година се потпишни нови 277 договори за поддршка со компании кои влегуваат во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра и ќе креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните 5 години или до завршувањето на нивните договори. Само во 2021 година овие 277 компании, инвестирале околу 50 милиони евра и креирале над 1.500 нови работни места“ изјави премиерот Димитар Ковачевски при посетата на компанијата „Актива“ во Штип.

Тој додаде дека преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите во изминатите пет години, колку што се спроведува оваа мерка, склучени се договори за поддршка со 630 компании со што Владата овозможува поволен деловен амбинет и ги поддржува еднакво како странските и домашните инвеститори.

„За нас се сите важни, сите кои инвестираат, кои создаваат нова економска вредност и работни места.Целта е во оваа криза заеднички да ја пребродиме да се отвораат подобро платени работни места, а компаниите да инвестираат, да се осовременуваат, да бидар продуктивни и конкурентни на европските пазари“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека нашите компании покажаа дека се агилни и во вакви тешки времиња инвестираат во подобрување на нивната конкурентност, нивните продукти, воведување на нови производствени линии.