Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Локално

Амбасадорот на Шпанија во посета на Општина Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше средба со Амбасадорот на Кралството Шпанија, Хосе Луис Лозано Гарсија, кој во Битола присуствува по повод неделата на шпански филм, која започна синоќа со проекција на филмот „Шампиони“.

На средбата, амбасадорот нагласи дека, најголемото поврзување на Битола, која го има ИФФК „Браќа Манаки“, со повеќе градови од Шпанија е токму преку филмската дејност и културата.

Градоначалникот Коњановски, го информираше амбасадорот, дека општина Битола, покрај кон поддршка и промоција на културата, значително е насочена и кон подобрувањето на инфраструктурата, урбаната мобилност и заштитата на животната средина, како и создавање на нови паркови и хортикултурно уредени површини.

Амбасадорот Гарсија и градоначалникот Коњановски, исто така разговараа и за економската состојба на Битола и можностите кои ги нуди Индустриската зона „Жабени“ за потенцијалните инвеститори.

На средбата, беше констатирано дека, двете страни имаат повеќе заеднички идеи и предлози, врз чија основа во понатамошниот период, предвидено е продлабочување и зајакнување на соработката.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Ова се сите неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично… Прочитај повеќе

Ковачевски до Мицкоски: Не е храборст да се криеш зад Апасиев и да бараш предвремени избори затоа што си уплашен

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се совршена комбинација за хаос и деструкција, порача вечерва претседателот Димитар Ковачевски на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Куманово. Ковачевски истакна дека… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе