Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Средба на претседателот Пендаровски со Теодор Богоевски, лице со попреченост

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Теодор Богоевски, лице со попреченост и советник за лица со попреченост на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за положбата на лицата со попреченост во земјава, во контекст на заложбите за остварување на нивните права на еднаквост, достоинствен живот и вклученост во економскиот, културниот и општествениот живот во македонското општество.

На средбата, Теодор Богоевски, како лице со попреченост, што му овозможува посебен увид за потребите на овие лица, го запозна Претседателот со неговите досегашни активности, како и со неговите предлози во насока на поголема инклузија на студентите со попреченост.

Претседателот Пендаровски, изразувајќи ја својата поддршка, нагласи дека согласно своите надлежности, во континуитет се заложува да се подобри положбата на лицата со попреченост во нашата држава.

На средбата стана збор и за книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“ чиј автор е Богоевски, а ќе биде објавена на почетокот на наредната година.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Доаѓа време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче огради се од криминалите на Заев, засукај ги ракавите и стави ја СДС на нозе која ја доведе на раб на исчезнување, засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави

ДЕСК

Лишен од слобода возач од неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил во пешак во село Пепелиште

ДЕСК