Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Скопје: Несреќа меѓу полициско и цивилно возило, има повредени

Вчеравечер во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“, во близина на клучка Ченто, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(33) од Скопје и патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, информира полицијата во денешниот полициски билтен.

Според МВР во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатничката од возилото „рено“, А.Н.(67) од Скопје и возачот и сопатничката во возилото „сеат“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

МВР информира дека увид извршила екипа од СВР Скопје.

* фотографијата е илустративна

Можеби ќе ве интересира

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

ДЕСК