9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Родител пријавил дека десет месечно девојче било оставено без надзор, па се повредило – Полицијата истражува што навистина се случило во градинката во Гевгелија

На 24.11.2022 година во Полициската станица Гевгелија, Т.Н. (24) од село Брајковци, валандовско, пријавил дека на 22.11.2022, во периодот од 07.00 часот до 14.45 часот, во градинка во Гевгелија, вработените, според пријавеното, ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување на децата, оставајќи ги подолг период без надзор, при што неговата 10 – месечна ќерка се здобила со повреди.

Како што е пријавено, за ова вработените не го известиле него, ниту пак детето го однеле во медицинска установа за укажување помош.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Градинката од Гевгелија демантира дека имало насилство врз дете