Настанот во вид на панел дискусија – трибина “ПОДАЈ РАКА, ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” успешно се реализираше во општина Ресен и резултираше со две Згрижувачки семејства (едно роднинско и едно општо) кое веќе поднесе документација за згрижување.
Од претходно ниту едно згрижувачко семејство, заеднички направивме позитивна промена во општина Ресен.
На настанот се обратија Борче Ристовски, Директор на Центар за социјална работа – Ресен, Јасминка Кочанковска, Психолог при Центар за поддршка на згрижувачки семејства Битола, Александра Мојсова, Специјалист за застапување и комуникации – СОС Детско село, и нашиот најзначаен говорник, Моника Манева, Згрижувачка на 5 дечиња во СОС Детското село во Скопје.
Проследуваме благодарност до Директорката на Центарот за вработување во Ресен, Весна Мирковска, која ни отстапи простор и повика заинтересирани граѓани.
Јован Тозиевски, градоначалник на Општина Ресен, го посети надворешниот настан и изрази подготвеност за заложби кон внесување на активности и мерки за згрижувачки семејства во општинската социјалната програма за 2023 и упатија повик кон сите жители да се информираат во Центрите за социјална работа и на посочените телефонски линии, а откако ќе го завршат процесот на згрижувањето, да се обратат и во општината за дополнителни мерки.
Кампањата ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ СЕ ОДВИВА ВО 26 ГРАДОВИ ВО ТЕКОТ НА 2022, а служи за подигнување на свеста околу детската заштита, зголемување на бројот на згрижувачки семејства во државата, и намалување на стигматизацијата со која децата без родителска грижа се соочуваат.
Една од најважните алатки за комуникација претставени со кампањата се телефонската линија 075 277 447 и веб www.zgrizuvanje.mk како и фб страницата згрижување.мк.