Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МакедонијаТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Петровска професионално ја извршува функцијата, една од најдобрите министри за одбрана

Во одговор на пратеничко прашање претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски истакна дека министерската за одбрана, Славјанка Петровска е еден од најдобрите министри за одбрана што државата го имала.

„Славјанка Петровска управува со Министерство за одбрана на земја членка на НАТО и нејзиниот начин на управување е оценет со највисоки оцени од сите земји членки на НАТО и нашите стратешки партнери и тоа може да се види од извештаите кои се наоѓаат во седиштото во НАТО. Дополнително, Петровска како министерка најбрзо ја има спроведено воената интеграција во системот на НАТО споредено со сите други земји членки на НАТО.“

Претседателот Ковачевски истакна дека во време кога ВМРО-ДПМНЕ блокираше помош од 100 милиони евра, Петровска со својата посветеност успеала да обезбеди помош од САД во висина од 80 милиони долари.

„Петровска има изградено највисоко ниво на доверба со земјите членки на НАТО и со стратешките партнери за што сведочат и одлуките што тие го носат, а последната од нив е финансиска помош од САД од 80 милиони долари за министерството за одбрана. Со нејзината работа и со својата професионалнсот, Петровска успеа да донесе 80 милиони долари и тоа се случува во исто време кога вашата партија, ВМРО-ДПМНЕ, блокираше кредит од 100 милиони евра од ЕБОР, кој е со најповолни каматни стапки во услови на светска економска криза.“ порача Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Ова се сите неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично… Прочитај повеќе

Ковачевски до Мицкоски: Не е храборст да се криеш зад Апасиев и да бараш предвремени избори затоа што си уплашен

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се совршена комбинација за хаос и деструкција, порача вечерва претседателот Димитар Ковачевски на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Куманово. Ковачевски истакна дека… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе