Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костовски: Не смеевме да го споменеме името на шефот на УБК, денес дебатираме за слабости во АНБ

„Овој случај, со државјанството на Онишченко е пример за можноста која ја имаме да разговараме и дебатираме за ситуацијата со безбедносните служби. Битно е раѓаните да знаат дека не живееме веќе во заробена држава, во систем каде граѓаните се плашеа да го спомнат името на некој што ја водеше поранешната УБК“ изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски на „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека премиерот Димитар Ковачевски, како и директорот на АНБ, Виктор Димовски опсежно одговараат на сите прашања поврзани со случајот Онишченко и ситуацијата во Агенцијата.

„Ковачевски секојдневно има пресови на различни теми и дава свои видувања и мислења за тоа што се случува во државата, вклучително и за утврдување на слабоста на системот“ рече Костовски.

Пратеникот од СДСМ рече дека и директорот на АНБ сподели информации со медиумите по прекинатата собраниска комисија.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +