Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Алибаба“ на добар пат да ја преземе доминацијата во глобалната интернет-продажба

Како што наближуваат божиќните празници, онлајн продажбата има тенденција да се зголемува бидејќи тоа е периодот кога луѓето купуваат подароци.

Иако „Амазон“ останува лидер, сè повеќе луѓе се свртуваат кон „Али експрес“, неговиот кинески еквивалент во сопственост на гигантот „Алибаба“. Оваа компанија е втор најголем интернет-трговец во светот.

Како и за повеќето компании, ова беше тешка година за „Алибаба“. Иако кинеската политика на нулта толеранција за ковид малку олабави и строгите карантини се веќе минато, сето ова имаше негативно влијание врз продажбата. Цената на акцијата падна за 29% во однос на минатата година, но во последниов месец скокна за 17% бидејќи компанијата очекува зголемување на продажбата.

На 11 ноември компанијата го одржа својот годишен Ден на самците, продажен ден во кој учествуваат 290.000 светски брендови. Минатата година на овој настан заработи 84.5 милијарди долари, надминувајќи го Црниот петок или „Блек фрајдеј“ на „Амазон“.

Финансискиот извештај на „Алибаба“ од 17 ноември покажа дека компанијата ги надмина очекувањата и дека изгледите се попозитивни отколку што се мислеше. И повеќето инвестициски банки, исто така, остануваат оптимисти. Иако акциите се тргуваат околу 80 долари, Credit Suisse („Кредит свис“) изрази уверување дека цената ќе се искачи на 152 долари.

Можеби ќе ве интересира

Одржани редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика и седница на Советот на Народната банка

ДЕСК

Туркије урива рекорди во туризмот – остварени над 50 милијарди долари приход во првите три квартали од 2025

ДЕСК

Косово нѐ престигнува со плата од 500 евра во 2026-та, раст во целиот регион освен во Македонија каде засега остануваме со минималец од неполни 400 евра

ДЕСК