11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Серија апсења на повеќе локации низ Македонија – Приведени 14 лица

Денеска (23.11.2022) во 09.35 часот на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ж.(34) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

На 22.11.2022 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 28-годишниот тетовец А.Х. за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 22.11.2022 во 20.05 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(19) од Скопје. При претрес во неговиот дом, на подрачјето на Гази Баба, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и една вага. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2022 околу 13.20 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 32-годишниот М.О. од Тетово за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 22.11.2022 во 23.50 часот на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.М.(38), Ј.Ф.(27), П.С.(31), сите од Прилеп. Тие се сомничат дека околу 22.00 часот предизвикале пожар во патничко возило „киа венга“ со бугарски национални ознаки, сопственост од Т.Н.(48) од Прилеп, паркирано на ул.„Кеј 9 Септември“ во Прилеп. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2022 во 20.15 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2022 во 21.45 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.С.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2022 на ул.„Браќа Миладиновци“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.Е.(39) и З.Н.(45), двајцата од Прилеп, затоа што при преглед на патничко возило „опел корса“ со прилепски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

На 22.11.2022 во 21.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода П.К.(26) од Валандово. При преглед во неговото патничко возило биле пронајдени и одземени прашкаста и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерси криминал поднесе кривична пријава против Д.Л.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари” по член 268 Кривичниот законик. Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 500 евра и на 26.11.2021 ја употребил при купување на продукти во продажен објет во Скопје. По преземени мерки и извршено вештачење било утврдено дека банкнотата е фалсификувана.

Спонзорирано: