Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Детали за тешката сообраќајка кај клучката Могила, пет лица повредени

На 22.11.2022 во 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат, кај клучка Могила, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(54) од Прилеп и патничко возило „рено“ со битолски регистарски онаки, управувано од Д.Н.(21) од Битола.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил В.Т.(56) од Битола, сопатник во патничкото возило, констатирани во Градската болница Прилеп. Додека со телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото – З.З.(54), С.А.(54), П.С.(57), Б.К.(66) и Н.Н.(56), сите од Битола. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

фотографијата е илустративна

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК