5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Буџетот за 2023 обезбедува повисоки плати и пензии, сите пратеници да го поддржат, бара СДСМ

Прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ:

Денеска во собраниска процедура влегува Буџетот за 2023 година.

Овој најважен документ за македонската економија е прв буџет кој е усогласен со новиот Закон за буџети.

Буџетот за 2023 година е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза, за што се предвидени 250 милиони евра.

Приходите во споредба со 2022 година се зголемени за 14,8 отсто, додека дефицитот се намалува за 0.7 процентни поени во однос на проекциите за 2022 година.

Како одговор на последиците од кризата, но и за унапредување на животниот стандард на граѓаните, се зголемуваат средствата за исплата на плати, пензии и социјални трансфери.

75 милијарди денари или 10 отсто повеќе се зголемуваат средствата за исплата на пензии, додека 12,5 милијарди денари се предвидени за исплата на надоместоци за социјална заштита на најранливите категории граѓани.

Обезбедени се дополнителни средства за усогласување на платите со минималната плата во текот на следната година, согласно новата методологија.

Тоа значи дека веќе во март следната година ќе имаме ново зголемување на минималната плата и ново покачување на пензиите.

Во Буџетот не се занемарени ниту капиталните проекти кои се на ниво од близу 800 милиони евра, односно се за околу 52,3% повисоки во однос на проекцијата за 2022 година.

Буџетот за 2023 е развоен и обезбедува услови за зголемен економски раст, кој во следната година според проекциите на ЕБОР треба да изнесува 2.3 отсто, што е повеќе во однос на проекциите за растот во земјите од еврозоната кој исто така според ЕБОР е проектиран на 0,3 отсто.

Повикуваме, сите пратеници низ конструктивна и аргументирана дебата да го поддржат Буџетот за 2023 година кој е во интерес на граѓаните и македонската економија.

линк до видео:https://youtu.be/X2pPeAln6Fk

Спонзорирано: