Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

„Заборавеност или деменција?“ – стручно предавање на Отворениот ротаријански ден на Скопје Интернатионал

Вечерва со почеток од 20.00 часот ќе се одржи отворен ден во организација на „Ротари Клуб Скопје Интернационал”. Пред присутните членови на клубот и гости ќе се обрати гувернерот на Дистрикт 1912 Раде Христовски, кој ќе зборува за целите и приоритетите на ротаријанството во современите општества, а ќе има и отворена дискусија за активностите кои се во фокусот во овој период.

Отворениот ден, кој ќе се одржи во „Limak Skopje Luxury Hotel“, во салата Аркадија, ќе продолжи со стручно предавање на тема од јавен интерес – „Заборавеност или деменција! Каде е границата?”. За состојбите, најновите сознанија, последиците и начините од превенција и рано распознавање на симптомите, пред членовите на „Ротари Клуб Скопје Интернационал“, но и пред останатите заинтересирани, ќе се зборува д-р Бојан Бошковски, невролог и научен соработник. Во рамките на своето стручно излагање д-р Бошковски ќе одговара и на прашања поврзани со темата.

За да ја подигне свеста во јавноста за важноста на менталното здравје, „Ротари Клуб Скопје Интернационал“, покрај другите активности, организираше и серија отворени настани насловени како „Криза на менталното здравје, знаеме ли што ни се случува? Пандемија во пандемија“. Во услови на пандемија, овие отворени настани придонесоа за отворање на стручна дискусија на оваа тема и помош и поддршка на лицата кои имаат потреба од тоа. Менталното здравје е сериозен проблем во модерните општества, а според податоците на Светската здравствена организација половина милијарда луѓе во светот се соочуваат со нарушување на менталното здравје.

Ротаријанците од целиот свет повеќе од 110 години работат на промовирање на позитивните вредности, солидарноста и хармонијата во светот. Ваков тип на активности се спроведуваат во преку 35.000 Ротари клубови ширум светот. Кај нас функционираат 20 клубови на Ротари, кои делуваат во различни области во насока на исполнување на своите цели. Ваков тип на активности се спроведуваат во преку 35.000 Ротари клубови ширум светот.