7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ЛОКАЛНО

24Инфо: Карпош во мрак, а Стевчо троши 700.000 денари за хотелски и угостителски услуги

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски склучил договор со туристичка агенција за „Хотелски и угостителски услуги за потребите на општина Карпош“, пишува 24инфо.

Вредноста на договорот е 700.000 денари или близу 12.000 евра, со време траење од една година или просечно по 1.000 евра месечно за хотелски и угостителски услуги што ќе ги добива општината, односно градоначалникот, советниците и дел од вработените во администрацијата.

Во време на најголема криза, кога постојат препораки за штедење и намалување на трошоците за службени патувања, Јакимовски одвојува 12.000 евра за ручеци и службени патувања.

Истовремено, општина Карпош е една од првите општини која воведе сериозни рестрикции на уличното осветлување па веќе неколку месеци сите сервисни улици се неосветлени нарушувајќи ја општата безбедност на граѓаните.