15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕИЗБОР

Бактериските инфекции се втората водечка причина за смрт во светот, тврди нова студија

Бактериските инфекции се втората водечка причина за смрт во светот по срцевите заболувања, според една голема студија, која ги именува Staphylococcus aureus (златен стафилокок) и пневмокок како две најсмртоносните бактерии.

Студијата, чии резултати беа објавени во магазинот Лансет, избра триесетина бактерии, најчести причинители на инфекции, а научниците се обидоа да проценат колку смртни случаи се поврзани со нив.

Оваа огромна истражувачка програма, финансирана од фондацијата „Бил Гејтс“, вклучува неколку илјади истражувачи од бројни земји ширум светот. Авторите заклучија дека „смртните случаи поврзани со проучуваните бактерии претставуваат втора водечка причина за смрт во светот“ по срцевите заболувања.

Од 7,7 милиони смртни случаи поврзани со бактериски инфекции, еден од осум се припишува на ефектите од Staphylococcus aureus и пневмококната инфекција. Овие податоци датираат од 2019 година, пред пандемијата на Ковид-19.

Од триесетте избрани бактерии, пет од нив предизвикуваат повеќе од половина од смртните случаи: златен стафилокок, ешерихија коли, пневмокок, клепселија пневмонијае и бацил пиоцијанин. Staphylococcus aureus е „главна причина за смрт од бактериска инфекција во 135 земји“, покажа студијата.

Сепак, пневмококните инфекции се најсмртоносни кај децата на возраст под пет години.

Истражувачите велат дека овие резултати се јасен показател дека бактериските инфекции се „итен приоритет“ во јавното здравје. Оттаму апелираат на ангажман за превенција од инфекции, помудро препишување на антибиотици, особено за да се избегне отпорност на овие лекови, како и поефикасна употреба на вакцините.

Спонзорирано: