3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со монсињор Томо Вукшиќ, митрополит и надбискуп Врхбосански

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими монсињор Томо Вукшиќ, митрополит и надбискуп Врхбосански и Апостолски администратор на Воениот ординаријат во Босна и Херцеговина, кој престојува во пасторална посета на Католичката црква во Република Северна Македонија.

На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со активностите на надбискупот Вукшиќ за време на неговата посета на нашата држава.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство за посетата на надбискупот Вукшиќ, посочувајќи на важната улога што католичката заедница ја има во македонското мултикултурно и мултиконфесионално општество.

Претседателот Пендаровски го истакна значењето што Северна Македонија го придава во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи, во интерес на меѓусебното разбирање и толеранција.