Centar.mk
БИЗНИС

Штрајк во Финска приземји авиони: Откажани 100 летови

Финската национална авиокомпанија „Финер“ објави дека денеска и утре откажува околу 100 летови од аеродромот во Хелсинки поради штрајк на кабинскиот екипаж.

Финскиот синдикат на транспортните работници АКТ најави штрајк на кабинскиот персонал кој започна денеска во 15 часот и ќе заврши утре во исто време, објави финскиот портал Yle.

Откажувањето на летовите и пренасочувањето на клиентите започна вчера, а работата продолжува и денеска. Синдикатот рече дека штрајкот е одговор на кадровската политика на Фајнер, како што се плановите за ангажирање на персонал со поддоговор за летови на линиите кон Тајланд и САД во обид да се заштедат трошоци, што може да доведе до отпуштање на 450 работници од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

НОВ МОДЕЛ ЗА ПЕНЗИИТЕ НА МАСА – Граѓаните би можеле сами да избираат дали ќе уплаќаат во вториот столб

ДЕСК

НОВИОТ БУЏЕТ ТЕЖИ НАД СЕДУМ МИЛИЈАРДИ ЕВРА – Владата предвидува раст на економијата од 3,8 проценти

ДЕСК

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ОТВОРА НОВИ ПРАШАЊА НА РАБОТНОТО МЕСТО – Може ли вработен да одбие АИ?

ДЕСК