Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Премиерот Ковачевски учествуваше на пријателскиот натпревар по повод Светскиот ден на детето

Премиерот Димитар Ковачевски учествуваше на пријателскиот натпревар по повод одбележувањето на Светскиот ден на детето годинава под мотото: „Кога се работи за детските права, сите сме еден тим’“ во организација на Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фудбалската федерација на Македонија.

Во Спортската сала „Борис Трајковски“, во присуство на над 300 учесници, родители, деца, млади, се одржа пријателски натпревар сé со цел да се даде поддршка за сé што се презема за децата да имаат што подостапни услови за развој, квалитетно образование, здравство, можности за развој и подобра иднина.

Премиерот Ковачевски истакна дека одбележувањето на овој ден е можност да продолжиме да го унапредуваме статусот на децата во нашето општество.

Патрициа ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија, истакна дека пораката што ќе ја испратат нашите фудбалери е потсетник за секој од нас да ги почитува правата на децата, да даваме еднакви можности на сите деца, квалитетно и инклузивно образование, живот во здрава животна средина и добро ментално здравје.

Оваа година Светскиот ден на детето се одржува на истиот ден кога започнува Светското првенство во фудбал, што создава единствена можност да се искористи моќта на фудбалот за целиот свет да се обедини и да се потсети дека кога станува збор за правата на децата – може да има само еден тим.

Директорот на ФФМ, Дени Масев рече дека без разлика за која држава навиваме на Светското првенство, кога станува збор за правата на децата, сите сме во ист тим. Секое дете заслужува да се чувствува безбедно, заштитено и уважено.

Денешната заедничка мултимедијална кампања под мотото „Кога се работи за детските права сите сме еден тим“ беше одбележана со фудбалери од државната репрезентација и деца од различно потекло, со заедничко испраќање позитивни пораки за еднаквост и инклузија на секое дете.