Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР: Уапсени тројца Штипјани, расчистени 22 тешки кражби

Полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија 22 кривични дела „тешка кражба“ од возила, извршени на територија на град Штип во периодот од 25.10.2022 до 16.11.2022.

Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Д.А.(29), М.Ј.(19) и еден малолетник, тројцата од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела.

Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, а против осум лица кои ги откупувале предметите ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „прикривање“ казниво по член 261 од Кривичниот Законик.

Можеби ќе ве интересира

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК

ТЕЖОК СЛУЧАЈ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ: Во дом пронајдена почината педесет и деветгодишна жена

ДЕСК

ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ: Полицијата постапувала на различни локации низ градот

ДЕСК