23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Крупни активности во последните 2 месеци, „Комуна“ продолжува со работа на водовод, улици и заштита

Во изминатите два месеци јавното претпријатие за комунални дејности „Комуна“ Крушево имплементираше неколку крупни активности покрај исполнувањето на редовните обврски.

На дел од улица партизанска се реконструираше дел од водоводна мрежа со што се оневозможија бројни дефекти заради неквалитетот на последната рехабилитација на мрежата. На оваа улица се работеше и на три потпорни ѕидови за одржливост и безбедност на улицата. На крајот улицата се санираше и се врати во подобрена состојба.

„Комуна“ го комплетираше и процесот на тековно одржување на дел од ул. Нико Доага каде што се прошири улицата и се изградија потпорни ѕидови со цел да се одговори на барањата и грижите на граѓани кои живеат на овој дел и ја користат улицата.

Се работеше и на комплетирање на проектот за водоснабдување на викенд зона во близина на Крушевско Езеро. Во изминатиот период се изведе приклучок на вода.

„И покрај финансиските потешкотии како последица на енергетската и економска криза „Комуна“ продолжува со работа на важни инфраструктурни активности. Претходно наведените се само дел од нашите поголеми активности изминатите месеци. Ќе продолжиме и во иднина.“, изјави ВД директорката на „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.

Спонзорирано: